Дознајте кој од 4-те видови на жени сте вие Мајка, Љубовница, Амазонка или Посредничка

2490

Четирите архетипски модели (мајка, љубовница, амазонка, посредничка) се илустрација на четирите основни тежнеења и делови на психата кои во помала или поголема мера ги има секоја жена.

Во есејот “Структурни форми на женската психа” Тони Волф, долгогодишен соработник на Карл Густав Јунг, потенцира дека женската психа е различна од онаа на мажите. За самоспознавање и самореализација, важно е жените да препознааат која структурна форма најмногу одговара на нивната личност.

Секоја од жените ги има сите четири аспекти кои Вулф ги опишува, но прашање е само до кој степен ќе ги разбудат и ќе ги усогласат со животниот стил и темпераментот. Комплетно исполнување е процес кој трае доживотно, и подразбира постојан развој и работа на себе, но неговиот резултатот е величествен. Во прашање е интегритетот на целото битие, вели: “Lovesensa.rs”.

Во средновековниот мистицизам душата е дел со кој го чувствуваме Бога, и кој нѝ користи за “носење на Бог во нас”. Таа е местото каде што доаѓаме до сржта на своето битие, и во исто време го поврзуваме со “изворот”. Душата е психата, женскиот принцип, принципот кој поврзува.

Од дамнешни времиња луѓето тежнееле преку различни видови на женските божества да забележат и да го дефинираат она што можеби и не може во целост да се дефинира и да се објасни, додека не се проживее – различни аспекти на женската личност во ликовите на божествата: Хера, Деметра, Афродита, Атена, Артемида … Четирите основни структурни форми на женската психа во психологијата се разбираат како креативна матрица на која се работи и која се надградува. Во овие обрасци ќе ги препознаете деловите од своето однесување и чувствителност, но еден сигурно е дека ќе биде доминантен.

Со него ќе почувствувате траги, испреплетеност и влијание од другите опишани обрасци кои може да предизвикаат конфузија и збунетост. Некогаш втората и третата форма се интегрираат подоцна, во втората половина на животот.

Продолжува на страна 2 ⇓