Дополнителни 30 дена притвор за насилниците од Штип

284
Фото ТВ Стар

Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон.

Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева за МИА изјави дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.

Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски рече дека вчера го доставил обвинителниот предлог за продолжување на мерката притвор се до донесувањето на пресуда од страна на Судот. Двајцата насилниците се обвинети за сторено кривично дело „насилство”, а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.

Видео материјалот беше објавен на социјалните мрежи на 2 април, кој молскавично се ширеше, а јавноста најостро го осуди настанот. Со жртвата работат тимови на Центарот за социјални работи и НВО „ЕХО”-Штип.

Спроведување на насилниците во Основен суд Штип.

Gepostet von Tv Star – Televizija Star am Freitag, 3. April 2020

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.