Потребно
200 мл кондензирано млеко (или слатка павлака)
150 грама кокос
400 грама шеќер во прав
400 грама чоколадо (млечно или со поголем процент на какао)
Подготовка
- Во сад сипете го млекото и додајте ги трошките кокос.
- Додадете го и шеќерот и сето тоа заедно добро измешајте го додека не добиете густа кремаста маса.
- Сипете ја смесата во калапи или во правоаголен сад и ставете ја во ладилник сосема да се излади.
- Штом смесата се стврдне, извадете ја од калапот или исечете ја на правоаголници.
- Едно по едно парче потопувајте ги во стопеното чоколадо и потоа повторно ставете ги сите парчиња во ладилникот додека чоколадата сосема не се стврдне.