РЕЦЕПТИ

Домашни рецепти со зеленчук

By kukuriku

May 15, 2021

Печениот зеленчук може да биде одличен прилог за некои јадења или пак самостоен оброк.

Но, освен сол и пипер треба да се додади уште по некој зачин или состојка за да биде многу вкусно.

Ви предлагаме 7 идеи за лесен, но мошне вкусен оброк од зеленчук:

Морков, мед, магдонос, мајчина душица

Морковот е сладок зеленчук, па кога ќе го испечете со малку мед, магдонос и мајчина душица, ќе имате чувство дека го јадете најфиниот десерт. За добар резултат печете 40 минути на 190°С.

Тиква, мед, жалфија, рузмарин

Прелијте ги парчињата тиква со малку мед, додајте некој лист жалфија и гранчиња рузмарин па печете во рерна од 30 до 45 минути на 200°, додека тиквата не омекне.

Цвекло, оцет, мед, мајчина душица

Замотајте го цвеклото во алуминиумска фолија па печете го околу 45 минути на 200°. Одмотајте го, исчистете го и зачинете го со комбинација од оцет, мед и зачини.

Прокељ, лук, балсамико оцет, сланина

Помешајте го прокељот и сланината со лук и оцет и печете околу 20-30 минути на 200°, додека не добијат златно-жолта боја.

Брокула, масло од сусам, соја сос, кафеав шеќер, лук

Направете ја вкусна обичната брокула. Пронајдете инспирација за печење во азиската кујна и прелијте со дресинг од споменатите зачини, па печете околу 15 минути на 220°.

Компир, путер, сенф, кромид, лимон

Компирите премачкајте ги со путер и сенф, ставете мали парчиња кромид па се прелијте со лимонов сок. Ставете го компирот во рерна околу 40 минути на 190°С.

Аспарагус, лук, лимон, пармезан

Печете го аспарагусот околу 10 минути на 200°, па при послужување додадете го и ситниот пармезан, кој може да го замените и со сирење.