Во борбата со времето и пратите кои ги оставаме врз нашата кожа, најчесто се доверуваме на скапата козметика.
Покрај неа, не смееме да заборавиме и за други компоненти кои низ времето докажале својата ефикасност во грижата за младоста и убавината на кожата.
Денес споделуваме една домашна маска, која ќе ги задоволи и најпребирливите дами.
Потребните состојки се:
- 1 жолчка од јајце
- 2 лажички бадемово масло (може да го замените со маслиново масло)
- 1 лажичка сомелена морска сол
- 2 лажички екстракт од камилица
- 1/2 лажичка мед
- 2 лажички козметички вазелин
Најпрво сварете напивка од камилица и оставете да се излади. Потоа во чинија измешајте ги сите состојки добро.
Нанесете врз исчистени лице и врат со лесни масажни движења без да триете.
Масирајте го бавно лицето во текот на неколку минути. Потоа оставете ја маската да делува 10 минути. Исплакнете го лицето со вода и нежно избришете со чиста крпа.