АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Домашен лек за правилна работа на штитната жлезда

By kukuriku

October 14, 2020

Нарушената работа на штитната жлезда не е шега и мора постојано да биде контролирана од страна на ендокринолог и да се почитуваат правилата за земање на терапијата.

Најчести проблеми се хипотиреозата и хипертиреозата. И двете состојби ги нарушуваат метаболизмот и нивото на енергија за извршување на секојдневните задачи.

Симптоми на хипотиреоза, односно намалено лачење на хормони од штитната жлезда, се манифестира со поспаност, умор, опстипација и накачување на телесната тежина.

Хипертиреозата пак, предизвикува слабост, постојан замор, неправилна работа на срцето, губење на коса, постојана дијареја и губење телесна тежина.

Овој природен лек, во комбинација со соодветната терапија, ја подобрува работата на штитната жлезда.

Потребно

Подготовка

Загрејте ја водата, додајте го сокот од брусница и зачините и варете ја смесата 20 минути. Тргнете ја од ринглата, оставете да се олади и додадете сок од портокал и лимон. Испијте ја подготвената количина во тек на еден ден.