Дoдека ние се пржиме … | Бразил погоден со студен бран од Јужниот Пол | Видео

205

Во Бразил не паднал снег од 1957 година и се очекуваат рекордно ниски температури.

Најголемата јужноамериканска земја, Бразил, е позната по својата тропска клима, која се карактеризира со високи температури или влажност. Но, во моментов е зима на јужната хемисфера, па затоа додека ние се „вариме“ на тропски температури, таму – паѓа снег.

Последното снежно невреме во 1957 година

Метеоролошката компанија Somar Meteorologia објави дека повеќе од 40 градови во државата Rio Grande do Sul биле под мраз, а снег паднал во најмалку 33 окрузи. Бројни фотографии и видеа покажуваат дека автомобилите и улиците се покриени со снег. Децата го користеа за игра, а постарите беа фасцинирани од изгледот, пишува Reuters.

“Имам 62 години и никогаш не сум видел снег, знаете? Да ја гледате убавината на природата е нешто што не може да се опише”, изјави возачот на камион Iodor Goncalves Marques за бразилската TV Globo.

Последната голема снежна бура во Бразил е забележана во 1957 година, две години пред да се роди симпатичниот Iodor. Во тоа време, во градот Santa Catarini паднале 130 сантиметри снег, пишува Washington Post.

Рекордно ниски температури

Метеоролозите од различни агенции претходно најавиле пристигнување на силни поларни воздушни маси, што може да предизвика рекордно ниски температури низ Бразил и да трае до почетокот на август. Студениот бран треба да се пресели меѓу Sao Paula и Minas Geraisa во текот на денешниов ден.

„Невообичаено студеното време во Бразил веќе ги зголеми меѓународните цени на кафето и шеќерот, а петокот беше најстудениот ден во годината“, изјави Marco Antonio dos Santos од Rural Clima.