Додека други земји се борат со коронавирусот, во оваа сите заразени лица се излечени

409

Гренланд е првата и единствена земја во светот, во која се излекувани сите заразени од коронавирусот. Повеќе немаат активни случаи.

Имено, во таа земја со население од нешто помалку од 57.000, спроведени се 1.101 тестови и 11 се покажале како позитивни. Инаку, сите заразени биле од Нуку, главниот град каде што живеат најголем број луѓе – околу 18.000.

Во моментот кога овие случаи биле активни, градските граници биле затворени и оние што сакале да ја напуштат земјата морале да побараат специјална дозвола. Исто така, државните граници биле затворени.

Гренланд бил сериозно погоден од епидемии во 18 и 19 век и сега презел драстични мерки за да не се повтори историјата, свесни дека малите болници нема да можат да сместат многу пациенти, пренесува Мондо.

Пензионираниот лекар и поранешен министер за здравство на Гренланд, Ове Росинг Олсен, изјавил дека овие строги мерки може да останат во сила во текот на целата година затоа што на земјата и недостасуваат ресурси во борбата, доколку дојде до голем број на заразени.

“Нашата стратегија, како и во другите земји, не е да го преоптоваруваме здравствениот систем. Разликата е во тоа што имаме повеќе опции да ја изолираме земјата”, рече д-р Герт Малвад, кој работи во болницата “Кралицата Ингрид”, најголемата во Гренланд.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.