ДИЕТИ

Добри причини да ја натерате саканата да почне диета

By kukuriku

November 16, 2020

Тежината е една од табу темите на кои мажите не смеат да влијаат пред партнерот, ако сакаат да имаат мирен живот.

А, сепак никој не сака да има до себе дебела жена! Прашањето не е само чисто естетски, туку има и далеку посериозни проблеми кои можат да произлезат поради прекумерната тежина.

Експертот по слабеење Стив Милер призна дека често се консултира со свои клиенти како да пристапат на оваа тема кон своите партнерки.

Тој ги тера да се потпрат на 5 оправдани причини кои ќе ги засрамат дамите од “инсинуации” кон партнерот.

Смрт

Дебелината докажано може да доведе до смрт, како последица на компликации со здравјето. Кога го истакнуваме тоа како аргумент, не заборавајте да додадете дека сакате да остарете до својата сакана и ја советувате да ослабне, бидејќи сакате да ја имате подолго во живот.

Здравствени проблеми

Вишокот килограми кои ќе ги стави човекот во една ризична зона, станува лесна цел на дијабетес, висок крвен притисок, срцеви проблеми, рак, апнеја, инфекција на бубрезите и т.н.

Среќа

Кога партнерот ви е несреќен, сте несреќни и вие. Ако сте сфатиле дека таа не се чувствува добро поради вишокот килограми, мотивирајте ја да ги симне.

Проблематична бременост

Жените со прекумерна тежина забременуваат потешко, а кога тоа ќе се случи, се подложуваат на ризик себе и бебето, бидејќи се загрозени од дијабетес, висок крвен притисок и др. болести. Ова често го вознемирува плодот и конечно се наметнува царски рез, што пак ја отежнува обновата по самото раѓање.

Чесност

Искреноста е еден од темелите врз кои се крепи врската. Не ја навредувајте нејзината интелигенција лажејќи ја во очите дека е слаба, кога таа не е.