ECOLOGY

Доаѓаат | Пет катастрофи кои Земјата не може да ги избегне | Фото/Видео

By kukuriku

November 12, 2018

Собирајќи географски податоци и причинители на веројатноста, научниците направија прецизен календар за цунами, земјотреси и ерупции кои ќе не погодат многу брзо!

Историјата на Земјата отсекогаш била обликувана со природни катастрофи, на кои, без оглед на својот технолошки напредок, не можеме да влијаеме. Некои области во светот многу почесто се погодени од ваквите настани, а некои од нив можат да убијат илјадници луѓе …

Научниците врз основа на различни геолошки, метеоролошки и други мерења ги предвидуваат следните природни катастрофи кои би можеле да ја погодат Земјата во блиска иднина:

1. Голема соларна бура: Од 2015-2025.

Major Solar Storm

Најголемата природна катастрофа која, најверојатно, ќе ја погоди Земјата не потекнува од нашата планета, туку од сонцето. Тоа има свој циклус на активности, или периоди на намалена и зголемена активност на соларните факли и сончевите пеги, во зависност од циклусот. Најголемата последна активност е забележана во јули 2012 година, по силното коронарно празнење (CME), кое помина низ Земјината орбита и ја погоди STEREO-A вселенската станица. Во текот на овој процес, се исфрлаат облаци со магнетизирана плазма тешки милијарди тони, а таа се однесува како електромагнетен пулс што влијае на електрониката во светот.

Соларната бура содржи соларни факли со високо ниво на УВ зрачење, енергетски честички кои ги уништуваат клучните делови на сателитите и бројните масовни коронарни празнења. Земјата ја одмина оваа катастрофа во 2012 година, но еден научник Пит Рајли по анализата на податоците на соларните бури од изминатите 50 години, смета дека по втор пат нема да имаме толку среќа.

Според неговата анализа, има 12% шанси голема соларна бура да ја погоди Земјата во наредните 50 години, а веројатно е тоа ќе се случи до 2025 година. Таа ќе ги спречи радијата, GPS, сателитските комуникации и милионите електронски уреди по целата планета. Се претпоставува дека ќе предизвикуваат штета од 1 до 2 трилиони долари во првата година по ударот, а за потполна санација ќе биде потребна една цела деценија.

Погледнете како изгледа соларната бура:

2. Голем земјотрес во Калифорнија: Од 2015 до 2045.

Продолжува на страна 2

The “Big One” California

Голема американска геолошка студија покажаа дека постои голема веројатност да се случи земјотрес со магнитуда поголема од осум степени според Рихтеровата скала, кој ќе направи штета во круг од неколку илјади километри од епицентарот, а се случува еднаш во 30 години. Од овој земјотрес американците се многу вознемирени и го нарекле “The Big One”. Најверојатно земјотресот ќе тргне од раседот Сан Андреас, а би уништил сѐ од јужниот дел на Калифорнија до внатрешноста на Лос Анџелес.

Повеќе од 300 светски научници изработиле “реално сценарио на кризата” преку компјутерски проекции. Предвидуваат дека земјотресот ќе предизвика несакани бранови кои ќе патуваат со брзина од 11.600 км/ч и ќе предизвика голема штета на патиштата, куќите, мостовите и зградите. Владата има инвестирано повеќе од пет милиони долари во развој на системи за рано предупредување од земјотреси. Денес, овој систем е во можност да нѐ предупреди само 10 секунди пред земјотресот.

Погледнете ја симулацијата:

3. Доаѓаат најголемите цунами – времето е непознато!

Продолжува на страна 3

Научниците од Универзитетот во Лондон во соработка со оние од Универзитетот во Калифорнија, на чело со д-р Стивен Ворд, предвидуваат дека вулканот Cumbre Vieja на Канарските острови ќе еруптира, а на тој начин ќе се создаде најголемиот цунами во историјата на Земјата.

Тие тврдат дека за време на последниот земјотрес во оваа област дошло до пукање на структурата на вулканот, поради што неговата левата страна целосно е нестабилна. Ако се случи ерупција, таа ќе предизвика огромни бранови кои ќе патуваат со брзина од 800 km/h и во рок од неколку часа ќе стаса до брегот на САД, Англија, Карибите …

Погледнете како би изгледало цунамито во Јапонија:

4. Потопување на источниот брег на Соединетите Американски Држави: Од 2050 до 2100.

East Coast Submersion US

Ураганот Сенди кој во 2012 година го погоди САД е еден вид на бура која се појавува еднаш во 500 години, а вистинската опасност не доаѓа од такви бури, туку во постепено зголемување на нивото на морето, тврдат научниците од Институтот во Вирџинија. Според сеопфатна студија, нивото на морето по должината на источниот брег на Соединетите Американски Држави, од флоридскиот Ки Вест до канадскиот Њуфаундленд, е во постојано зголемување од 1987 година.

Секоја година морето се крева околу 0,3 милиметри, што е четири пати побрзо од било кое друго место на Земјата. Се претпоставува дека во Њујорк нивото на морето ќе порасне за 79 см до 2050 година, поради што третина од градот ќе биде поплавен, а поплавите покрај градовите ќе го уништат и стопанството …

Погледнете ја репортажата за ова:

5. Ерупција на планината Фуџи 2015–2053.

Продолжува на страна 4

Бидејќи земјотресот Тохоку ја придвижи земјината маса на Јапонија, 20 од вкупно 110 активни вулкани во Јапонија покажаа зголемена сеизмичка активност. Јапонските водечки експерти веруваат дека до ерупции може да дојде секој ден, а според пресметките Јапонија ќе има по една голема ерупција на секои 37 години.

На листата на активни вулкани е и планината Фуџи, највисокиот вулкан од 3773 метри надморска височина.

Француските и јапонските научници објавија извештај според кој Фуџи е еден од ретките вулкани кои имаат најголеми шанси да еруптираат. Бидејќи е одалечен само 100 километри од Токио, градот најверојатно ќе го покријат тони пепел, а ќе биде потребно да се евакуираат повеќе од 750 илјади луѓе.

Погледнете го предупредувањето:

Објавено July 26, 2016 Прочитано 10932