Некои намирници лесно се чуваат што е можно подолго, но складирањето брашно е малку неизвесно бидејќи се работи за храна во прав која не е лесна за одржување.
За да го продолжите рокот траење на брашното чувајте го во фрижидер или дури и во замрзнувач.
Со чување на брашното во фрижидер можете да го продолжите рокот на траење до една година, додека со чување во замрзнувач може да го продолжите до две или три години.
Клучна улога има и типот на брашно, а најдолго трае белото, додека интегралното има пократок рок на траење. Еден од најдобрите показатели дека брашното е расипано е мирисот. Доколку забележите дека брашното добило мирис, тоа е знак дека мора да се збогувате со него. Но, ако рокот е истечен, а брашното сè уште нема мирис, можете да го користите некое време.
Знак дека брашното е расипано може да биде и кога ќе ја промени бојата или кога ќе се појават мувла или молци. До појава на молци во главно доаѓа од влажноста или високите температури, а дури и ако брашното го чувате на темно место во оставата, не е гарант дека нема да се расипе.
Најдобрата опција да го заштитите од инсекти и мувла е да не го чувате во хартиени кеси, туку брашното да го чувате во затворена тегла или во фрижидер.
Топлината и сончевата светлина може да го расипат брашното дури и порано отколку што пишува на задната страна на пакувањето, затоа погрижете се да е подалеку од рерната или од други извори на топлина и светлина.