ДКЦ Карпош со онлајн Априлијада по повод Денот на шегата

267

Детскиот културен центар Карпош во среда, 1 април, по повод Денот на шегата на нивната фејсбук страна ќе организираат градска Априлијада.

Од ДКЦ Карпош ги покануваат сите да се придружат на настанот што ќе го организираат на фејсбук страната со лајв стрим, со почеток во 12 часот.

-Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, за првпат на несекојдневен начин ја организираме градската Априлијада. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов, наведуваат во своето соопштение.