Дизниленд во Хонгконг добива тематски парк „Iron Man“ | Видео

636

Марвел и Дизни уште од 2009 година планираат отворање тематски парк под наслов „The Iron Man Experience“, поврзан за познатиот јунак на Марвел „Iron Man“, односно Тони Старк.

Овој тематски парк ќе биде отворен во Дизниленд во Хонгконг и сите кои се љубители на овој стрип јунак, доколку сакаат да ја посетат оваа атракција, ќе мораат да поминат долг пат.

Во кусата видео снимка, можете да видите дел од атмоферата која нуди овој забавен парк.

На официјалниот сајт Хонкгонг Дизниленд накусо се опишува какво искуство можат да очекуваат посетителите на овој тематски парк.

– Ставете ги „StarkVision“ очилата и истражете ја одблизу последната иновација на Тони Старк и летајте во „Iron Wing“ летачкиот автомобил, кој и пркоси на гравитацијата во рамки на „Iron Man Experience“. Проштетајте со „Iron Man“ низ улиците налик на „West Kowloo“ и летајте преку знаменитостите на Хонгконг, како што се „Hongkong Stark Tower“, мостот „Tsing Ma“, пристаништето „Викторија“ и градските планински венци, се вели на сајтот.

Отворањето на забавниот парк „The Iron Man Experience“ е планирано за 11 јануари 2017 година.