Директорката на Клиниката за кожни болести сепак ќе биде разрешена уште денеска

649

Министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање откри дека директорката на Клиниката за кожни болести која е заразена со коронавирус ќе биде разрешена уште денеска.

Иако вчера Филипче рече дека разрешувањето не е можно бидејќи законите забрануваат именувања и разрешувања за време на избори, по консултацијата со Комисијата за спречување на корупција, ќе биде донесена одлука за нејзино разрешување и поставува на времен директор.

Инаку, клиниката од вчера е целосно затворена а сите вработени се во домашна изолација.