ДИК | Пендаровски 42,83%, Силјановска-Давкова 42,25% и Река 10,58%

103

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,57 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,83 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,25 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,58 отсто од гласовите.

Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 322,605 граѓани, за Силјановска-Давкова 318,247, а за Река 79,725 граѓани. Неважечки се 32,703 ливчиња.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесува 41,78 отсто или на гласање излегле 753,267 граѓани.