ДИК ги објави резултатите од ППИ 2020

210

Државната изборна комисија на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоиле најмногу гласови на парламентарните избори, односно 327 329 гласови.

  • ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315 344 гласови,
  • ДУИ 104 587 гласови,
  • Алијанса на Албанците и Алтернатива 81 297,
  • Левица 37 551, ДПА 13 891,
  • Интегра 12 291,
  • ГДУ 3555 гласови“, соопштија од ДИК.

Врз основа на податоците од записниците на ОИК, вкупно гласале 942 334 граѓани од вкупно 1 814 236 запишани избирачи.

„Има 31 466 неважечки ливчиња“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Претседателот на ДИК, го соопшти распоредот на пратеничките мандати кои ги освоија партиите по изборни единици.

„По изборни единици, распоредот на мандати изгледа вака:

Во ИЕ1, СДСМ 8, ВМРО и коалицијата 7, ДУИ 2, Алијанса на Албанците 2 и Левица 1

Во ИЕ2, СДСМ 7, ВМРО-ДПМНЕ 7, ДУИ 3 и Алијанса на Албанците 3

Во ИЕ3, ВМРО 10, СДСМ 9 и Левица 1

Во ИЕ4, СДСМ 10, ВМРО-ДПМНЕ 10

Во ИЕ5, СДСМ 8, ВМРО-ДПМНЕ 8, ДУИ 3 и Алијанса на Албанците 1

Во ИЕ6, ДУИ 7, Алијанса на Албанците 6, СДСМ 4, ВМРО-ДПМНЕ 2 и ДПА 1 пратеничко место“, соопшти Дерковски