ДИК | Од 74,91% обработени гласови : Арсовска – 37,20%, Шилегов – 35,18%

499

Од 74,91% од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје на веб страницата на Државната изборна комисија независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 37,20% од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 35,18%.

Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,52%, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 4,05%, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,83% и Александар Тортевски од Твоја Партија – 1.0$%.

Излезноста е 48,72%.

За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 33,84%, СДСМ – 22,28%, ДУИ -13,49%, Левица – 8,29%, АА/А – 5,66%, Зелен хуман град – 3,55%, ЛДП/ДОМ – 3,82%, БЕСА – 1,13%, а останатите се под еден процент.

https://rezultati.sec.mk/mk/mayr-sk/r