ЗДРАВЈЕ

Диетите го јадат мозокот

By kukuriku

May 17, 2019

Експертите од Њујорк спровеле лабораториско истражување врз глувци. Набљудувањето на глувците покажало дека со недостаток на хранливи материи, мозокот на глодарите почнал да ги компензира загубените елементи со други клетки кои се наоѓаат во мозокот.

Едноставно кажано, мозокот почнува сам да се јаде, се наведува на веб-страницата на Медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштајн“ во Њујорк.

Научниците велат дека на мозокот му се потребни хранливи материи за работа. Експериментите врз глувците покажале дека ако чувството на глад и може да се потисне, внатрешните процеси кои се случуваат во мозокот не можат да бидат измамени. За да ги добие хранливите материи кои му недостасуваат, мозокот почнува да ги користи своите клетки.

И покрај фактот дека на глодарите им се намалувала тежината, во главата започнувал процесот на автофагирање (распаѓањето на сопствените клетки).

Научниците ги предупредиле луѓето кои имаат навика да држат диета. Тие сметаат дека човечкото тело со недостаток на основни неопходни материи почнува да ги прима не само од масното ткиво, туку и од мозочните клетки.

Сепак, губење на тежината без штета по здравјето е можно. Меѓународниот тим на научници докажал дека редовното вежбање може да помогне во борбата дури и со наследната дебелина.

Континуираните спортски активности ја намалуваат активноста на ФТО генот, кој е одговорен за дебелината, соопшти научното списание PLOS Genetics.

Експертите велат дека од сите постоечки начини да се намали тежината само физичката активност помага да се изгуби вишокот килограми без штети по здравјето.