DFCCA и Општина Карпош потпишаа меморандум за соработка

121

Овој меморандум беше склучен помеѓу градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и Нина Беадер -одговорно лице за односи со јавноста на DFCCA.

Меморандумот претходи на настанот кој е во организација на DFCCA, а се однесува на организирање на возно дефиле под мотото „Неопходноста за превенција од канцерот на дебелото црево“. Ова дефиле се организира на ист ден, во повеќе од 100 градови во светот.

Настанот официјално ќе се одржи на 14. Април, 2019. на ГП паркингот на салата Борис Трајковски-Скопје со почеток во 12:30 часот.

Настанот се состои од два дела:

  1. Првиот дел е поаѓањето на возното дефиле од ПСС Зајчев Рид со почеток во 11 часот наутро.

2. Вториот дел од настанот е нашата хуманитарна забава која ќе започне во 12:30 часот попладне во ГП Картинг Центарот во Борис Трајковски.

Благодарност до градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и неговиот тим , за топлиот прием на DFCCA (Drive for Colon Cancer Awareness) тимот.