ЖИВОТ

Девојче од Русија се изгубило, а снежната бура ја поминала гушкајќи го своето куче

By kukuriku

February 01, 2022

Девојчето било пренесено во болница, и било констатирано дека е здрава.

Десетгодишно девојче преживеала ноќ во силна снежна бура во Русија гушкајќи куче, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на руската државна телевизија и локалните медиуми. Девојчето, чие име не се соопштува, минатата недела го напуштило училиштето во градот Углегорск, но не се вратило дома.

Градот се наоѓа на западниот руски остров Сахалин, кој е покриен со силен снег и ветрови кои достигнуваа брзина и до 80 километри на час.

Властите и локалното население го барале девојчето во текот на ноќта откако било утврдено дека е исчезнато. Тие се фокусирале на куќи со домашни миленици, бидејќи мештаните пријавиле дека ја виделе како си игра со куче ноќта пред исчезнувањето. Родителите на девојчето ѝ кажале на полицијата колку таа сака да си игра со домашни миленици.

Девојчето е здраво

Волонтер го пронашол девојчето следното утро, како седи со кучето во неговата куќичка на отворено и го гушка за да се стопли, јавува руската државна телевизија. Девојчето било пренесено во болница и било констатирано дека е здраво, се вели во извештајот.