Шансите да ослабете и да се пречистите, ако преминете на исхраната само сп супи, е многу поголема од модерната детокс диета на свежо цедени сокови.
Супите се поздрава и разновидна храна.Можете да вклучите еден ден во неделата само на супи, ако сакате само прочистувачки ефект.
Ако имате потреба да изгубите телесна тежина, можете да поминете на 7 или 10-дневна диета само на супи.
Еве и што треба да знаете пред да се решите на сличен режим:
Супите се зеленчукови
Ако поминувате на детокс диета со сокови, шансата да консумирате главно овошје е многу голема (особено ако се потпирате на цитруси). Експертите, сепак, велат дека овошните скокови го зголемуваат крвниот шеќер (поради фруктозата во нив), што може да ве натера да се чувствувате изморени во втората половина на денот. Од друга страна, коренот на повеќето супи е зеленчук, што е најдобрата опција.
Супите содржат навистина малку калории
Зеленчукот содржи помалку калории во споредба со плодовите што ја прави супата подобар избор за диета. Покрај тоа, луѓето кои поминуваат на детокс режим со супи, не гладуваат воопшто, бидејќи стомакот им е полн целиот ден.
Супите се хранливи
Во зеленчукот присуствуваат многу хранливи материи. Тие се главен извор на витамини А и Ц, железо, калиум и антиоксиданси. Тоа значи дека можете да го стимулирате имунитетот додека слабеете и се прочистувате. Освен тоа ќе го подобрите здравјето на непцата, ќе го прилагодите вашиот крвен притисок и др.
Супите содржат влакна
Супите се одличен начин да се наполни вашето тело со некои многу потребни хранливи материи, како и со влакна.Многу луѓе не знаат дека при цедење на сок, дури и тој да е зеленчук, многу од влакната се губат. Од своја страна влакната се многу корисни за варењето и го контролираат крвниот притисок.
Супите ќе ве држат сити во текот на целиот ден
Како што веќе рековме, супите ќе ви држат сити во текот на целиот ден, ако ги консумирате на сите ваши три до пет дневни оброци. Освен што нема да бидете гладни, вие ќе се чувствувате енергични и свежи.
Дополнителни придобивки
Експертите велат дека детокс диетата со супи може да го подобри и вашиот изглед. Според нив вашата коса ќе стане сјајна, а вашата кожа ќе се избистри.
Овој детокс не е за секого
Чистењето со исхрана само на супи звучи прилично чудотворно, но диетата не е погодна за сите. Пред да започнете сличен режим, треба да бидете сигурни дека сте целосно здрави и дека немате било какви алергии на храна.