Десет знаци дека сте во погрешна врска

144

Воспоставување интимна врска со вистинскиот партнер е мошне важна за здравјето и среќата на секој човекот.

Секој сака неговата врска да биде вистинскиот избор, но понекогаш првичната привлечост не е доволна за остварување на стабилно и трајно партнерство.

Десет знаци дека сте во погрешна врска

Тензија, чувство на здодевност, страв и лутина не се емоциите, кои треба често да ги чувствувате во една здрава романтична врска.

Следуваат десет знаци кои покажуваат дека веројатно сте во погрешна врска.

Чувствувате презир

Една работа е доколку повеќе не сте вљубени во вашиот партнер, но да чувствувате омраза и презир поради неговото однесувае е мошне лош знак за вашата врска. Горчината, незадоволството и стравот се исто така болни негативни емоции, кои не се дел од едно здраво љубовно партнерство.

Постојано се обвинувате еден со друг

Вашиот партнер ве обвинува за се што се случува во вашата врска, но и вие го правите истото. Сепак и двајцата имате некаква одговорност за тоа што се случува меѓу вас.

Вие сте многу различни типови на луѓе

Вашиот партнер сака да седи и да гледа телевизија цел ден, а вие повеќе би сакале да излезете и да се социјализирате со пријателите. Доколку имате дијаметрално различни интереси едниот од вас ќе се чувствува запоставено, кога неговите потреби нема да бидат исполнети. Големите разлики меѓу партнерите доведуваат до конфликти во врската. Кога сте се сретнале сте почувствувале поврзаност, но колку повеќе сте се запознавале сфаќате дека повеќе немате заеднички работи кои ве поврзуваат. Паровите многу подобро функционираат доколку имаат слична култура, верувања, образование и економски статус.

Се однесувате на начин кој не е својствен за вас

Доколку сте се смениле како личност откако сте во таа врска и таа промена не е на подобро, тоа е знак дека вашата врска не е добра за вас. Идеално вашиот партнер треба да ви помогне да станете подобра личност. Доколку во таа врска сте почнале да имате здравствени проблеми, намалена одлучност и фокусираност, како и емоционална неисполнетост време е да размислувате за нов партнер.

Сте загубиле интерес

Вашиот партнер ви зборува за тоа како го поминал денот, но вие воопшто не го слушате, бидејќи не ве интересира. Доколку вие или вашиот партнер повеќе не се слушате имате проблем во комуникацијата.

Продолжува на страна 2