Како родители, сите настојуваме да ги поттикнеме децата да јадат здрава храна. Меѓутоа, дури и добронамерните коментари можат да имаат негативен ефект, бидејќи децата ги толкуваат на свој начин.
Погледнете како децата ги толкуваат 10 најчести реченици во врска со храната, која родителите им ја предлагаат и што би било подобро да кажете или да направите:
Види како брат ти (сестра, роднина, пријател) го јаде тоа, зошто не сакаш и ти?
Како го толкува ова детето: Тој или таа, подобро јаде од мене.
Подобро да кажете: Знам дека и ти еднаш ќе се обидеш, само ти треба време. И треба многу пати да ја пробаш за да ја засакаш таа храна.
Објаснување: Наместо чувство на инфериорност, на детето сакате да му влеете самодоверва дека тој вид на храна може да му се допадне и дека ќе му се допадне кога детето ќе биде подготвено за тоа.
Ти порано ги сакаше јагодите, зошто сега пребираш!
Како го толкува детето ова: Можеби јас за секогаш ќе останам пребирлив кога е во прашање храната?
Подобро да го направите следново: Не обрнувајте внимание на пребирливоста. Наместо тоа, направете го оброкот пријатно искуство.
Објаснување: Избегнувајте децата да ги етикетирате како пребирливи, бидејќи тоа е нормална фаза во развојот, а етикетите често остануваат.
Последен пат ти кажувам, не, не можеш да добиеш сладолед!
Како детето го толкува ова: Никогаш повеќе нема да добијам сладолед!
Подобро да кажете: Не можеме сега да јадеме сладолед бидејќи ручекот ќе биде готов за еден час. Ќе јадеме сладолед, но за десерт.
Објаснување: Децата многу подобро прифаќаат НЕ кога знаат зошто нешто не можат да добијат и кога тоа повторно ќе можат да го добијат.
Не јадеше доволно. Доврши го оброкот и потоа можеш да станеш од маса.
Како детето го толкува ова: Мама, празна чинија (надворешни сигнали) подобро знае кога сум сит отколку мојот стомак.
Подобро да кажете: Биди сигурен дека доволно јадеше, бидејќи следниот оброк е за неколку часа.
Објаснување: Кога децата одлучуваат колку ќе изедат, тогаш научуваат да го слушаат својот стомак (некогаш можат и да погрешат).
Ако го изедеш зеленчукот, можеш да добиеш десерт.
Како детето го толкува ова: Не можам да дочекам ден кога нема да морам да јадам зеленчук и кога ќе можам веднаш да изедам десерт.
Подобро направете го следново: Наместо да го уценувате со храна, или да нудите храна како награда, често нудете на детето вкусен зеленчук и дајде му модел за здрава храна.
Објаснување: Истражувањата покажуваат дека децата учат да преферираат храна која ја добиваат како награда, во однос на храна која мора да ја јадат.
Продолжува на страна 2
Браво! (откако детето изело повеќе од обично)
Како детето го толкува ова: Мама и тато се горди на мене кога јадам повеќе храна или кога ќе изедам се од чинијата.
Подобро да кажете: Секогаш е најдобро кога го слушаш својот стомак.
Објаснување: Ако ги пофалите децата кога јадат повеќе храна учете ги дека количината што ќе ја изедат е поважна од тоа да го следат својот апетит, кој варира од оброк до оброк.
Јади го ова, тоа е добро за тебе.
Како детето го толкува ова: Тоа не е вкусно.
Подобро да кажете: Ова е навистина вкусно и слично на она што го сакаш.
Објаснување: Студиите покажуваат дека вкусот ја одредуваат храната која децата повеќе ја сакаат и за нив е подобро да добијат повеќе информации за новиот вид на храна.
Ако бидеш добар во продавница, може да добиеш грицки, или – Ако не престанеш да го правиш тоа, нема да добиеш сладолед вечерва.
Како детето го толкува ова: Секогаш кога сум добар, ќе добијам грицки или чоколади.
Подобро направете го следново: Однапред објаснете им кои се последиците ако не се однесуваат добро и во тоа не ја вовлекувајте храната.
Објаснување: Размислете за долгорочните ефекти ако постојано нудите храна како награда. На пример, истражувањето од 2003 година објавено во Еатинг Бехавиорс покажува дека возрасните на кои во детството им се давала храна како награда или како казна, обично се прејадуваат или држат диети.
Не јадеме често торти бидејќи не се здрави.
Како детето го толкува ова: Јас сакам се што не е добро за мене (лошо = задоволство).
Подобро да кажете: Тортите не се храна која постојано се јаде. Овој викенд ќе јадеме торта на роденденот на Џејк.
Објаснување: Етикетирањето на храната како добра или лоша е погрешна претстава за храната. Наместо тоа, научете ги децата како да ја избалансираат исхраната бидејќи е важно колку често јадеме одреден вид на храна.
Не ти се допаѓа вечерата? Сакаш ли да ти направам нешто друго?
Како детето го толкува ова: Никогаш не морам да јадам нешто друго, бидејќи мама или тато секогаш ќе ми го подготват тоа што го сакам.
Подобро да кажете: Сите добивме иста храна за вечера, но некогаш ќе има нешто што ти најмногу го сакаш, а некогаш она што другите најмногу го сакаат.
Објаснување: Заедничките оброци ги учат децата дека оброкот е семејна работа и ги поттикнуваат со време да прифатат широк избор на храна.
Хафингтон пост