ВСЕЛЕНА

Десет најголеми удари на астероиди | Видео

By kukuriku

October 07, 2018

Најновата закана беше Астероидот 2012 DA14 кое за среќа ја утна Земјата на 15 февруари, но постои долга историја на ударите од астероиди.

Постои една физичка привлечност меѓу Земјата и астероидите. Астероидот познат како 2012 DA14 ја утна Земјата на 15 февруари. Тоа беше најблиску што воопшто некој астероид поминува покрај Земјата, но нашата планетата не секогаш имал толку среќа.

Кратерите се постојани докази и показатели на директни удари на астероиди. Иако милиони, а понекогаш и милијарди години на ерозија направија кратерите да се непрепознатливи и невозможно е да се утврди точната големина на метеорите, но сепак постои разбирање за најголемите кратери предизвикани од паѓање астероиди.

Еве 10 најголеми

1. Кратер Vredefort

Време на ударот: Пред околу 2 милијарди години

Место на ударот: Јужна Африка

Карактеристики: Кратерот Vredefort е 380 километри во дијаметар што го прави најголем светски познати кратер, а во 2005 година беше ставен на листата на УНЕСКО за светското наследство.

2. Sudbury басен

Време на ударот: Пред околу 1,8 милијарди години

Место на ударот: Онтарио, Канада

Карактеристики: Sudbury басенот се смета за еден од најголемите, најстарите и кратер предизвикан од удар на астероид, со дијаметар од 130 километри.

3. Кратер Acraman

Време на ударот: Пред околу 580 милиони години

Место на ударот: Јужна Австралија

Карактеристики: На местото на поранешниот кратер 90 километри широк, сега се наоѓа истоименото езеро.

4. Кратер Woodleigh

Време на ударот: Пред околу 364 милиони години

Место на ударот: Западна Австралија

Карактеристики: Овој кратер не се наоѓа на површината, така што постои дебата за неговиот дијаметар. Се шпекулира дека е широк помеѓу 40 и 1205. километри.

5. Кратер Manicouagan

Време на ударот: Пред околу 215 милиони години

Место на ударот: Квебек, Канада

Карактеристики: Овој кратер е сега езеро Manicouagan. И покрај долгогодишна ерозија, се смета за еден од најдобро зачуваните кратери на Земјата, и има дијаметар од 100 километри.

6. Кратер Morokweng

Време на ударот: Пред околу 145 милиони години

Место на ударот: Северозападен дел на Јужна Африка

Карактеристики: Се наоѓа до пустината Калахари, а содржи фосилизирани остатоци од метеоритот што го направи кратерот.

7. Кратер Kara i Ust-Kara

Време на ударот: Пред околу 70.300.000 години

Место на ударот: Nenetsia, Русија

Карактеристики: Денеска е невидлив затоа што е уништен од долга ерозија. Некои веруваат дека кратерот е составен од два помали кратери: Кара и Ust-Кара

8. Кратер Chicxulub

Време на ударот: Пред околу 65 милиони години

Место на ударот: Јукатан, Мексико

Карактеристики: Многу научници веруваат дека метеорит кој создал овој кратер предизвикал исчезнување на диносаурусите или барем придонел за нивното истребување. За пречникот на кратерот се шпекулира – од 170 до 300 километри, а ако гласините се покажат за точни, тоа ќе го направи најголем кратер на Земјата.

9. Кратер Popigai

Време на ударот: Пред околу 35,7 милиони години

Место на ударот: Сибир, Русија

Карактеристики: Руски научници веруваат дека овој кратер содржи трилиони карати дијаманти, што го прави еден од најголемите наоѓалишта на дијаманти. Познати се како “impactdiamonds” или Импактити.

10. Кратер Chesapeake Bay 

Време на ударот: Пред околу 35 милиони години

Место на ударот: Вирџинија, САД

Карактеристики: Откриен е во почетокот на 1980-тите, и се наоѓа 201 километри западно од Вашингтон. Се шпекулира дека кратерот е 85 километри широк.