ДЕМАНТ | Арбор ТОУРС демантира текст објавен во Вечер.Мк

226

Почитувани ТПДДДС Арбор ТОУРС ДООЕЛ најостро ги демантира грубите шпекулации изнесени во текст објавен во Вечер, а пренесен од Курир дека добил бонбона бизнис од Владата на Република Северна Македонија.

За појаснување, нашата компанија ниту беше бирана на јавен конкурс, ниту доби тендер од државата, туку излезе во пресрет на барањара на група македонски студенти коишто студираат во Словенија да им го реализира превозот за да може да ги полагаат испитите и да не ја изгубат годината.

Оваа иницијатива во форма на барање според сите процедури беше испратена во како барање до Главниот координативен кризен штаб којшто го одобри во интерес на студентите. Би сакале да напоменеме дека патувањето коешто се реализира е со асистенција на македонското Министерството за надворешни работи коешто е во контакт со словенечкото министерство за надворешни работи како и надлежните министерства од земјите низ коишто ќе се врши транспортот.

Исто така ќе се прави според сите протоколи за заштита и со намален капацитет на патници во автобусите. Цената по којашто се реализира ова патување е многу пониска од реалната цена за оваа дестинација.

Барам итно да се повлечат пишувањата со кој се нарушува тридеценискиот углед на компанијата.

Во спротивно ќе ги искористиме сите правни мерки.

Со почит,

Дончо Нацев, Арбор Тоурс