Дел од маркетите одлучија, овој ден да биде неработен

256

Иницијативата за неработна недела веќе подолго време е актуелна во регионот, меѓутоа бројот на компании во секторот трговија кои го променија своето работно време за да им излезат во пресрет на своите вработени е многу мал.

Дел од некои маркети во земјава решија недела да биде неработен ден за сите вработени.

Вработените кои се дел од големото семејство на маркетите Кит-Го, Тера и Супер Кит-Го низ Македонија ќе имаат еден ден целосно да му се посветат на семејството и најблиските.Покрај маркетите и трговските центри решија неделата да им ја дадат како слободен ден на своите вработение.

Откако полека започнаа олабавувањето на мерките први вратите за шопинг ги отворија трговските центри. На 15 мај дел од трговските решија за почеток неделата да биде неработен ден за сите вработени, но пополека како животот се врќаше во нормала неделата повторно стана работен ден.

Нови мерки

Владата седница ги прифатила предложените мерки во кои се предвидуваат забрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на 4.

„Повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека дискотеките и ноќните клубови немаа, односно во ниту еден момент не добија дозвола за работа. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 децибели за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица”, изајви министерот за здравство Венко Филипче.

Еден од предлозите на Комисијата е в недела да не работи ништо, ниту маркети, ниту молови, ниту угостителски објекти, како што е праксата секаде во светот.

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека недела треба да биде неработен ден за сите работници, а дека тоа може да се спроведе, покажале мерките што се применуваат во здравствената криза предизвикана од ковид-19.

Владата во јануари дебатираше на темата недела да биде прогласен за неработен ден за сите, а работниците да се плаќаат по час. Токму работењето прекувремени саати, работа на празници и во недела, беа забелешките кои работниците ги изнесувале како проблеми со кои се соочуваат на средбите со претставници од Министерството за труд и социјална политика. Ваквите барања доаѓаа од работниците кои имаат најниски плати во земјава како што се текстилните работници, вработените во супермаркети, трговски центри и градежни работници.

Во Министерството за труд и социјална политика тогаш се размислуваше дали да донесе ново законско решение со кое ќе бидат решени овие прашања.

„Вработените во текстилните фабрики, трговските центри, во супермаркети, градежните работници имаат право на одмор еден ден во неделата. Сега тоа не е случај, недела е работен ден за голем број граѓани. Владата мора да донесе политичка одлука, како што направи со зголемување на минималната плата и во Законот за работни односи недела да биде неработен ден и да се најде систем како работниците да се плаќаат по час. Кога веќе се стремиме да станеме членка на Европската унија, треба да носиме и европски закони во кои работниците ќе имаат повеќе права“, изјави тогаш Кристина Ампева активистка во здружението „Гласен текстилец“.