ЗАНИМЛИВОСТИ

Дедото Тетсуја (86) ИНСТАГРАМ ЅВЕЗДА со над 151 илјада следачи | Фото 

By kukuriku

November 03, 2020

Младиот Јапонец Наоја Куди се вратил во својот дом за празниците и во вишокот слободно време се одлучил да направи мал експеримент со својот 86-годишен дедо Тетсуја.

Внукот почнал 86-годишниот дедо да го облекува во екстравагантни модни комбинации и да го запознава со високата мода.

Во исто време и го фотографирал, а тие фотографии со дедото во разни аутфити започнал да ги објавува онлајн.

Тетсуја набрзо станал вистинска Инстаграм ѕвезда. Внукот го фотографирал на полето и плажата во близина на нивниот семеен дом, па во училиштето каде Тетсуја претходно работел како професор по хемија, а едно време и како директор.

„Беше неочекувано ентузијастичен околу тоа. Дури ми предложуваше и каде би можеле да снимаме“, изјави Наоја.

„Членовите од нашето семејство полудеа кога го видоа во тие комбинации“, признава тој.

Инстаграм профилот кој Наоја го направил за својот дедо во моментот го следат повеќе од 151 илјади луѓе.