Дунав е формиран од сливот на две швајцарски рекички, Бригах (42,7 км) и Брег (47,6 км).
Тие се среќаваат во близина на градот Донауешинген на 678 m надморска височина, од каде што течат под името Дунав до делтата на устието во Црното Море. Вкупната должина на Дунав е 2.783,4 km, а со Брег 2.831 km.
Иако е најголемата река во Европа по Волга, во светот има 33 реки подолги од Дунав. Тоа се:
Амазон со Ucayali 7.025 km (со Maranhón 6.771 km), Нил со Кагер 6.671 Мисисипи со Мисури 6.420, Јангце 6.300 Парана со Рио Гранде 5.610, Мекензи со Атабаска 5.572 Хоанхо 5.464 Об со Иртиш 5.410, Јенисеј со Ангара и Селенг 5.060, Мисури 4.740 Конго со Чамбеши 4.700, Меконг 4.500 Амур со Аргун 4.444, Лена 4.400, Иртиш 4.248 Нигер 4.160 Мисисипи 3.950 Мари со Дарлинг 3.750, Јукон 3.700 Волга 3.531 (пред изградбата на вештачки езера 4.688), Свети Лоренс од изворот Сан Луј 3.350, Журуа 3.283 Шат-ел-Араб со Еуфрат 3.260, Мадеира 3.230 Пурус 3.200, Салуен 3.200, Инд 3.180, Рио Гранде дел Норте 3.033 Сер-Дарија со Нарин 3.019, Долна Тунгуска 2.989 Брамапутра 2.900 Токантинс 2.850 и Сао Франциско 2.800 а после сите нив следи 34-ти Дунав.
Според американското National Geographic Society, Амазон е долг 7.025 километри, додека Institttuto de investigaciones sobre la Amazonia Peruana прифаќа 6.885 километри за должината на оваа огромна река, што е за 140 километри пократко од американските податоци.
Нашиот Вардар е најголемата река во Македонија и воопшто целиот регион Македонија. Долг е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2. Извира во Гостиварско и завршува во Солунскиот Залив, Егејска Македонија, во заштитената месност наречена Делта на Вардар.