Дали веќе би ја имале вакцината, доколку пред три години бил усвоен овој предлог? 

207

Најголемите светски фармацевтски компании го отфрлиле предлогот на ЕУ пред три години да работат на побрз развој на вакцини против патогени микроорганизми, како што се коронавирусите, со цел да се овозможи нивниот развој пред појавата на епидемиите.

Планот за забрзување на развојот и одобрувањето на вакцините бил претставен од претставници на Европската комисија кои присуствуваа на Иницијативата за иновативни лекови (ИМИ) – јавно-приватно партнерство чија функција е да поддржува најнапредно истражување во Европа – но биле одбиено од страна на индустриските партнери.

Аргументот на комисијата биле дека истражувањето може „да го олесни развојот и регулаторното одобрување на вакцините против приоритетните патогени, до степен колку што е уште пред да се случи вистинска епидемија“. Сепак, фармацевтските компании во ИМИ не сакале да учествуваат.

Откритието е содржано во извештајот објавен од Корпоративната опсерваторија на Европа (ЦОЕ), истражувачки центар со седиште во Брисел, во кој се испитуваат решенијата донесени од ИМИ, кој има буџет од пет милијарди евра, составен од средства на ЕУ.

Управниот одбор на ИМИ е составен од претставници на Комисијата и претставници на Европската федерација на фармацевтската индустрија (ЕФПИА), чии членови вклучуваат некои од најголемите имиња во овој сектор, вклучувајќи ги „ГлаксоСмитКлајн“, „Новартис“, „Фајзер“, Лили и „Џонсон и Џонсон“.

Глобалниот недостаток на подготвеност за пандемијата на коронавирус отво последните неколку недели доведе до обвиненија дека фармацевтската индустрија не го одредила како приоритет лекувањето од заразни заболувања, бидејќи тие се помалку профитабилни од хронични медицински услови.

Според податоците, 20-те најголеми фармацевтски компании во светот презеле околу 400 нови истражувачки проекти во изминатата година. Околу половина биле фокусирани на третманот на рак, во споредба со само 65 кои се занимавале со заразните болести.

Доколку фармацевтските компании се согласиле со предлогот на Комисијата, можно е дека вакцината да би ја имале порано отколку што се чини сега. Авторите на извештајот на ЦОЕ наведуваат дека фармацевтските компании се грижат повеќе за приоритетите на пазарот и за профитабилноста.

Предлогот на финансирање на Европската комисија за „био-подготвеност“ во 2017 година вклучувал рафинирање на компјутерски симулации и подобрена анализа на модели за тестирање на животни за да им се даде на регулаторите поголема доверба во одобрувањето на вакцините.