ЗДРАВЈЕ

Дали сте здебелени или задржувате многу течности?

By kukuriku

April 15, 2021

Дебелеењето не се случува преку ноќ, иако често ви се чини така. Се будите потечени и гледате дека не можете да ги обуете фармерките кои ги купивте пред 3 дена.

Што се случува? Тежината ви се зголемила или едноставно се борите со непотребно задржување на водата?

Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да ја одгатнете “мистеријата” и да преземете соодветни чекори.

Ви се променил ли животот?

Прифатете дека има веројатност да сте качиле некое килце. Обидете се да се сетите дали сте го смениле начинот на исхрана, дали сте под стрес, дали се движите помалку и т.н.,советува д-р Алекс Каспер, нутриционист од Менхетн.

Според неа секоја промена, дури и најмалата (како додавање на нешто мало и слатко, нарушен сон) води до прием на повеќе калории.

Како изгледате наутро?

Кога ќе се разбудите, се погледнувате во огледалото. Не се сожалувајте, туку едноставно разгледајте за промени во вашето тело. Наутро храната обично го има напуштено желудникот, па ако се разбудите со стомак две големини помал од претходната вечер, тогаш дефинитивно имате проблем со отекување.

Како изгледате после јадење?

“Надувањето се случува обично пред или после јадење со тоа што се менува интензитетот во текот на целиот ден. Ако ручавте и потоа се чувствувате отечени, но чувството ќе одмине откако ќе ја посетите салата, тогаш веројатно задрживате вода и страдате од оток, тврди Каспер.

Оние денови од месецот ли се?

За време на месечниот циклус е сосема нормално да качите 1-2 килограми од задржување на течности. Хормоните во телото помагаат за спречување на излегувањето на вишокот течност … добрата вест е дека на крајот на циклусот сè си доаѓа повторно во нормала.

Кога за последен пат отидовѕе по голема потреба?

Ако не го растоварите организмот од отпадот по варењето, ништо чудно дшто стомакот ви е надуен и имате чувство дека ви тежи. Редовното одење во тоалет е важно не само за одржување на нормална тежина, туку и покажува дали правилно функционира дигестивниот и уринарниот систем.

Која боја е урината?

Нормално е да биде светложолта слично на лимонада. Ако сепак е темна како чај, тоа значи дека може да сте го дехидрирале телото и тоа да ја задржува секоја прифатена течност.

Претерувате ли со солта и јаглехидратите во последно време?

И двете доведуваат до задржување на водата. Значи подобро намалете го количеството.