ДИЕТИ

Дали сте се обиделе да јадете вода?

By kukuriku

May 01, 2021

Сакате да останете во форма? Обидете се со нешто ново што неодамна ги разбранува духовите во фитнес круговите. Имено – детоксикациската вода.

Што претставува таа?

Тоа е обична вода, во која се сместени парчиња овошје без вештачки ароми или додатоци. Оваа течност се смета за многу ефикасен начин за хидратација и експерти тврдат дека нејзиното “јадење” помага за здравјето и тонусот.

Кои се придобивките?

Постојат одредени знаци дека не сте доволно хидрирани – подуени очи, сувост, чешање на кожата, забавен метаболизам, дури болки во стомакот или на други внатрешни органи.

Понекогаш не е доволно само да пиете вода, туку треба и да внесете течности преку различните јадења, кои ја апсорбираат побавно и ја задржуваат подолго во организмот. Знаете ли дека дури и во кришка леб има вода? Еден домат пак содржи околу 110 мл од вредната течност, додека порција мраз – 330 мл. 95% од составот на тиквичките е вода.

Т.н.. овошна вода има лесен вкус на овошјето во неа, но никаков шеќер и калории. Не двоумете се да го потопите во вода омиленото овошје и зеленчук, а откако ја испиете, може да каснете и нив. Јагодите во вода ѝ даваат на кожата сјај, ѓумбирот – големо количество витамин Ц, а морковите и краставиците се добри антиинфламатори. Може да се сече на ситно јаболкото и да се стави во шише вода. Плодот содржи полифеноли и флавоноиди кои го стимулираат здравјето на срцето.

Пијте храбро! Водата е важна за: