СЕМЕЈСТВО

Дали спиете со или без чорапи?

By kukuriku

February 01, 2021

За ова прашање се дебатира со години, а интернетот изобилува со причини зошто некои спијат со чорапи, а некои без.

Постојат дури и теории кои велат дали спиењето со или без чорапи ја рефлектира вашата личност, па ако спиете без чорапи тоа значи, според нив, дека сте заштитнички во односите со другите, додека ако спиете со чорапи сакате да се чувствувате заштитени.

Како да се разбере правата вистина?

За среќа, истото прашање ги заинтригираше научниците, па беа спроведени повеќе истражувања дали да спиеме со чорапи или без нив.

Традиционалната кинеска медицина веќе откри дека топлите стапала навечер се клучот за добра циркулација, а неодамнешното научно истражување открива дека луѓето кои спијат со чорапи заспиваат во просек 15 минути пред луѓето кои спијат без чорапи, а спијат помирно и подлабоко и имаат помалку непроспиени ноќи.

Значи, ако сакате да се одморите добро, спијте со чорапи!