Дали норвешкиот лосос е изворот на заразата во Пекинг?

683

Кинеските и норвешките власти дошле до заклучок дека лососот од Норвешка не е извор на коронавирусот пронајден на таблите за сечење на пазарот за храна во Пекинг, соопшти денеска норвешкото Министерство за риболов и морска храна.

Норвешкиот министер за рибарство, Од Емил Ингебритсен, по средбата со кинеските власти соопштил дека двете страни заклучиле дека изворот на епидемијата не доаѓа од рибите од оваа нордиска земја.

„Можеме да ги отстраниме сите неизвесности и суспендирањето на извозот на лосос во Кина“, истакна Ингебритсен за време на видео-конференцијата за медиумите.

Коронавирусот повторно се појави во Пекинг и се верува дека е извор на инфекција на големиот пазар на храна „Синфади“ во Пекинг, што предизвика немири во Кина, бидејќи болеста е во голема мерка под контрола, претежно под контрола со масовно тестирање и ставање карантин.

Во изминатите шест дена, во Пекинг се пријавени 106 нови случаи, а властите затворија скоро 30 урбанистички населби и тестирани се над десетици илјади луѓе.