ЖИВОТ

Дали навистина луѓето можат да се променат?

By kukuriku

March 19, 2020

Секојдневно сите луѓе се етикетираат, како самите себе си така и на другите. Малите деца се послушни или немирни, тинејџерите сметаат дека се добри во решавање на математички задачи или не.

Ваквите етикетирања стануваат се позастапени како што созреваме. На работа обично луѓето се класифицираат како вредни или мрзливи работници. Вие може да кажете за себе дека не сте добри во готвењето или пак дека не сте ранобудни.

Класифицирањата им наменуваат мислење на луѓето дека не можат да се сменат. До пред некое време научниците имаа сличен став за мозокот во однос на оваа тема. До пред некое време, нивниот став беше дека мозокот кај возрасниот човек е целосно оформен и не може да се промени. Но, новите истражувања покажуваат различни резултати, што ни укажува на тоа дека, мозокот е подложен на промени согласно опкружувањето, односно околината.

Вистински пример на оваа тема се таксистите во Лондон. За еден човек да може да биде таксист во Лондон потребно е да има силна меморија за да ги запамти улиците или рутите, што значи дека навиките може да се сменат, преку учење на нови работи, примање на нови работи од околината и усовршување на некои стари или развивање нови карактеристики.

Сфакајќи го овој феномен на промена вие можете да постигнете позитивни резултати во развивање на нови навики, интереси или подобрување на старите. Најмотивирачката мисла која што трееба да си ја повторувате при правење промена е дека вие не сте готов продукт, туку процес кој постепено се развива.