Дали можеме да се заразиме со коронавирус при капење во море или во базен?

1001

Професор на универзитетот „Аристотел“ во Солун, д-р Павлос Николајдис, зборува за тоа колку ќе биде опасно капењето на плажите и во базените, како и за што најмногу треба да водиме сметка.

Иако трендот на падот на заболени од коронавирусот во Европа се забележува, нема сомнение дека и летото ќе биде во знак на овој вирус.

Затоа многумина се запрашаа како воопшто ќе изгледа летувањето оваа година и како високите температури ќе влијаат на развој на пандемијата. Професорот Николајдис во разговор за ГРТајмс, дал конкретни одговори на овие прашања.

Тој вели дека бањањето во базен кој содржи хлор е потполно безбедно. Никој досега не докажал дека постои потенцијален ризик од зараза со коронавирус, а истото важи за морската вода.

Најголем ризик претставува процедурата околу капењето на кое било место. Условите на коегзистирање со други луѓе всушност се најголемиот ризик. На пример, ако на 10 метри квадратни има 20 лежалки, разумно е дека тој тел од плажата ќе биде пренатрупан.

На прашањето дали постои шанса некој да добие вирус на плажа или на надворешната површина на базенот, професорот објаснува дека веројатноста е многу мала бидејќи главен пат на пренесување на вирусот е респираторен.

„Жешкиот песок или која било друга површина не се места на кои може да се пренесе вирусот. Она што е сигурно е дека ризикот го зголемува единствено гужвата на патот до плажите, на пример во јавниот превоз. Додека сме на плажа треба да водиме сметка да сме најмалку два метра оддалечени од другите. Освен тоа, во смисла на контакт и употреба на непознати предмети додека сме на отворено, превенција од инфекција се врши со употреба на сапун и средства за дезинфекција како и досега, вели докторот и додава дека и понатаму сè се сведува на индивидуалната хигиена, како и одредените мерки што ќе треба да се почитуваат летово.“