Дали коронавирусот се пренесува преку храната?

437

Дали коронавирусот може да се пренесува преку храната е едно од најчесто поставуваните прашања во изминатиот период и се разбира дилема што многумина сакаат да се реши.

Според информациите на EFSA, Европска агенција за безбедност на храната, не постојат никакви докази дека коронавирусот на било кој начин може да се пренесе преку храна.

Од оваа институција нагласуваат дека досега не се регистрирани случаеви што покажале дека некои луѓе се заразиле со ковид-19 откако јаделе одредена храна што претходно е „заразена“.

Според стручњаците, единствено е можно да се заразиме со коронавирус додека јадеме одредено јадење, доколку претходно некој заразен кивнал врз храната, а потоа ние сме ја изеле.

Сепак, внимателноста никогаш не е на одмет, па затоа секогаш добро термички обработете ја храната, а исто така обидете се и поголемиот дел од неа да ја подготвувате во домашни услови…

Можеби ќе ве итересира:

Малајските панголини шверцувани во Кина причинители за коронавирусот?! Фото/Видео