Дали комарците ја пренесуваат короната? Еве што вели Светската здравствена организација!

444

Доброто време наскоро ќе ги донесе и комарците, а повеќето луѓе на социјалните мрежи стравуваат дека дополнително ќе ја шират инфекцијата на коронавирусот …

Социјалните мрежи отвораат прашања за тоа дали комарците го пренесуваат коронавирусот, а многумина од тоа се плашат. Истото прашање го мачи целиот свет, а се шират и неосновани гласини.

Светската здравствена организација (СЗО) во своето соопштение за медиуми соопшти дека одвоила посебен дел на својата веб-страницата за овој мит, кој го прогласија за лажен.

Иако коронавирусот (2019-nCoV) најверојатно преминал од животните на човекот, засега нема докази дека комарците го пренесуваат.

– До денес, нема докази дека комарците го пренесуваат вирусот. Коронавирусот е респираторен вирус кој првенствено се шири со капки расфрлани од заразено лице, главно со кашлање и кивање. Препораката е да се мијат рацете што е можно почесто, да се исчистат со средства за дезинфекција базирани на алкохол и да избегнуваат близок контакт – се наведува на веб-страницата на СЗО.