Дали коалицијата ДПМНЕ-ДУИ на локално ниво е предвесник за коалиција во Собрание?

88

“Конструктивната“ ВМРО-ДПМНЕ, во обид да ја прикрие неспособноста на своите градоначалници, очајно манипулира со јавноста дека Левица е во коалиција со СДСМ и ДУИ, додека во општините Охрид, Велес и Бутел со гласовите на ДУИ беа усвоени општинските буџети.

Во Општина Бутел, каде градоначалник е Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, материјалите за седницата на совет (буџет и програми) беа дадени 7 дена пред истатa, со што се суспендира правото на поднесување на амандмани и иницијативи од страна на советниците.

Советникот од Левица не даде поддршка за штетниот буџет на Општина Бутел, кој предвидува задолжување од 2 000 000 евра, 15 000 000 денари за привремени вработувања и 0 денари за аерозагадување. Како шти призна и Христијан Мицкоски во изјава за медиумите, буџетот во општина Бутел се донесе со глас на советникот од ДУИ.

Левица прашува дали коалицијата на ДПМНЕ и ДУИ во Општина Бутел е предвесник на коалицијата која ќе треба да се случи на централно ниво, со оглед на последните отстапувања на Христијан Мицкоски за можна коалиција со ДУИ?

Политичка партија Левица
Бул. „Кочо Рацин“ бр. 32/2 кат-1
www.levica.mk / contact@levica.mk