Дали ќе се воведе и кај нас | Вештачка интелигенција ќе ги надгледува Французите дали носат маски

255

Камерите со вештачка интелигенција нема да можат да ги идентификуваат луѓето, туку само ќе следат колку луѓето носат или не носат маски на метро станиците.

Иако со месеци читаме спротивставени мислења за ефективноста на маските што можат да ја намалат можноста за ширење на коронавирусот, се препорачува носење маски, особено во јавниот превоз, а во некои земји тоа е задолжително. Една од земјите каде маските ќе станат задолжителни во јавниот превоз е Франција, а колку луѓето ги следат упатствата и всушност носат маските, ќе се следат од вештачка интелигенција, пишува „Зимо.хр“.

Европскиот заштитник на приватноста предупредува дека ЕУ треба да има една, заедничка апликација за следење на пандемијата на коронавирус, а наскоро ќе започне тримесечен период на тестирање на главната метро станица во Париз, „Chatelet-Les Halles“. Иако комбинацијата од надзорни камери и вештачката интелигенција која набљудува мноштво луѓе (во нормални околности, дури 33 милиони луѓе поминуваат низ станицата секоја година) на прв поглед изгледа како катастрофа за приватност, „DatakaLab“, која го разви софтверот, вели дека нема причина да се плашиме за повреда на приватноста.

Имено, камерите не можат да ги идентификуваат луѓето (со и без маски) и намерата не е да се казнуваат луѓето кои не носат маски, туку само да се соберат потполно анонимни податоци за бројот на лица со маски.

„Ние не собираме податоци и не ги чуваме“, изјави за Блумберг извршниот директор на „Datakalab“, Ксавиер Фишер, додавајќи дека има 15-минутно одложување од моментот кога ќе се соберат податоците сè додека не се испратат до надлежните органи, а ќе бидат испратени само податоци за бројот на лица кои носат или не носат маски.

Исто така, важно е да се напомене дека софтверот е целосно во согласност со GDPR и компанијата во договорите што ги потпишува со клиентите секогаш поставува услов податоците собрани за анализа (нивниот софтвер се користи од трговски центри и продавници) да не се користaт за следење на луѓето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.