Дали ќе одговара некој од Министерството за економија за „утката“ со германската фотографија?

355

Лавина од реакции се појавија на социјалните мрежи откако Владата ги повика граѓаните да летуваат во „својата земја“ со рекламна фотографија на кампањата „Дома си е дома“ која е направена во Германија.

За оваа кампања е задолжена Агенција за промоција и поддршка на туризмот, додека министерството за економија и министерството за финансии се задолжени за изработка на сајтот.

По објвата на кампањата британскиот фотограф Сајмон Мигај реагираше на преземањето на неговото авторско дело кое власта го користи за владината предизборна кампања.

Фотографот кој работи во Лондон иронично напиша дека „умира од смеење” поради тоа што неговата фотографија од Езерото Кенигс станала популарна во политичката кампања во Македонија.

Како што објаснува Мигај за Радио МОФ, фотографијата е направена за приватен клиент пред неколку години, а езерото Конигзе во Германија, прикажано на фотографијата е доста познато.

– Повторно, морам да го истакнам ова, одлично е што оваа фотографија се користи и 100% ја поддржувам каузата, плус фотографијата е достапна слободно за користење. Само е жално што некој ја избра оваа конкретна фотографија, а не некоја која е всушност од Македонија“, вели Мигај.