Иако не е позната точната локација на која настанало ова видео, тоа сепак на најдобриот можен начин покажува како Кина успеа да ја спречи пандемијата на коронавирусот.
Имено, на видеото се гледа детенце во Кина кое доаѓа во предшколска установа и проаѓа низ целосна дезинфекциона бариера.
Завидната дисциплина која така мал човек ја покажува е уште еден доказ како само благодарение на дисциплината и послушноста дури и најмладите можат да помогнат во победата против коронавирусот
Многумина коментираа дека ова е за секоја почит, останува само да видиме какви безбедносни мерки ќе бидат преземени во нашите градинки и училишта.