Дали ДЕЦАТА можат да бидат ЗАРАЗЕНИ со вирусот COVID-19?

399
Children wearing a face mask as a preventive measure against the spread of COVID-19 novel coronavirus ride their bicycles in Hanoi on March 20, 2020. (Photo by Nhac NGUYEN / AFP)

Пет факти што не ги знаеме за новиот коронавирус и неговиот ефект врз најмладите.

Додека во светот, вон Кина, бројот на заразени со коронавирус се зголемува, многу родители се обидуваат да ги заштитат своите деца од инфекција, а единствената нивна утеха е статистиката. Според достапните податоци, заразените деца покажуваат благи симптоми, пишува Гардијан.

Ова се фактите што ги знаеме досега за децата и вирусот „Ковид-19“.

1. Дали децата можат да бидат заразени со коронавирус?

– Да, тие можат да се заразат и се чини дека можат да бидат носители на болеста дури и кога немаат никакви симптоми. Ова е причината зошто е важно да ги научите децата социјално да се дистанцираат и да ги мијат рацете редовно и темелно, дури и ако не се болни.

2. Како коронавирусот влијае на децата?

– Се верува дека предизвикува поблаги симптоми отколку кај возрасните, но специфичните карактеристики на болеста стануваат појасни како што напредува епидемијата. Повеќето од она што се знае се засновани на извештаи од Кина, изворот на епидемијата. Поточно, 2,4% од сите заразени случаи биле деца под 19-годишна возраст. Во рамките на оваа група на деца, само 2,5 проценти имале потешки симптоми, но како што се прават нови истражување, се стекнува појасна слика за заболувањето на децата.

3. Зошто коронавирусот различно влијае врз децата?

Ова е досега непознато. Jay C Butler, заменик директор во Американскиот центар за контрола и превенција на болести изјави:

– Феноменот е многу интересен, но механизмот е непознат.

Најранлива група на коронавируси се лица на возраст од 60 години и постари кои веќе имаат друга болест. Овие вклучуваат луѓе кои имаат висок крвен притисок, дијабетес, карцином, срцеви пациенти или оние со хронична респираторна болест, според СЗО.

4. Моето дете има друга дијагноза. Дали треба да се грижам за коронавирусот?

– Респираторните заболувања како астма често резултираат со сериозни вирусни заболувања како што е грипот. Сепак, коронавирусот е нов вирус и сè уште не е познато дали ќе влијае посериозно кај децата со астма. Исто така, не е познато дали децата со дијабетес ќе имаат потешки симптоми ако страдаат од коронавирус, бидејќи дијабетесот е фактор на ризик кај возрасните.

Научниците ги предупредуваат родителите да останат будни, да бидат внимателни.

5. Дали треба децата да одат на училиште?

– Многу држави одлучиле наместо родители и ги затворат училиштата, и на тој начин да го соречат ширењето на вирусот.