ЖИВОТ

Дали да се земе презимето на сопругот или не ?

By kukuriku

December 08, 2018

За жените најчестата причина за задржување на моминското презиме е тоа што ги поврзува со својот идентитет, но околу половина луѓе тоа би им го забраниле со закон, тврди студијата.

Еманципацијата на жените и сѐ поголемиот број на разводи ги охрабриле жените во последните десет години, често да го задржуваат своето презиме наместо да го земат презимето на својот сопруг, но ставовите на општеството за тоа сепак не се толку напредни, вели студијата од Универзитетот во Индијана.

Околу половина од луѓето би го поддржале законот со кој би им се забранило на жените да го остават своето презиме во бракот, утврдила анкетата на 1000 Американци.

Две третини од испитаниците сметаат дека најдобрата опција за жената е да го земе презимето на нејзиниот сопруг, а помалку од половина од нив немаат ништо против тоа жените да го задржат своето презиме.

За повеќето противници задржувањето на моминското презиме е причина за не почитување на традицијата, компликациите околу презимето на детето и “безразложен” модерен бунт на жените.

Причината зошто жените сакаат да си го задржат своето презиме е тоа што ја симболизира врската со нивниот идентитет.

– Очигледно е дека симболичката и традиционалната поделба сѐ уште е многу присутна во аспектот на бракот – вели водителот на студијата, социологот Брајан Пауел.