ЖЕНСКИ СВЕТ

Дали би излегувале со бившиот на вашата другарка

By kukuriku

December 12, 2019

Излегувањето со бившиот дечко на вашата пријателка не е баш најпаметната работа што може да ја направите, но доколку чувствата не ви даваат мир, вреди да размислите уште еднаш…

Бидете внимателниВо ред, едноставно ви се допаѓа нејзиниот бивш и тоа е така. Но, ако кај вас се јавуваат вистински чувства спрема него, ако сакате да имате врска, тоа е знак барем за секунда или две да размислите со главата, а не со срцето.

Врската со нејзиниот поранешен дечко може многу да ја повреди и таа да се почувствува предадена, како никогаш порано! Бидете сигурни дека на листата има повеќе причини против него, па поради тоа размислете подобро дали момчето вреди за да ја повредите пријателката.

Разговарајте со неаАко излегувате со него за нејзин грб, бидејќи не сакате да ја повредите, е токму тоа што не смеете да го направите, бидејќи на тој начин ќе си го уништите пријателството.

Всушност, вие сте должни да и признаете што чувствувате. Разговарајте со неа за тоа и настојувајте да дознаете како таа се чувствува во врска со тоа и дали има некакви прашања и сомнежи. Можеби и ќе ве изненади со позитивна реакција, а од друга страна постои шанса да ве замрази.

Почитувајте ги нејзините чувстваКога ќе разговарате со вашата пријателка, очекувајте паника и хаос. Полесно ќе ви биде ако се подготвите за најлошото. Исто така, бидете сигурна дека таа го познава многу подобр од вас и ако ви изнесе добри причини зошто би требало да се тргнете од него, размислете добро.

Ваш изборАко вашата пријателка каже дека нема ништо против и дека ве поддржува, тогаш сте добиле зелено светло. Само внимавајте да не го носите на заедничките собирања и кога со него разговарате за блиските луѓе. Запаметете, нема сите да бидат задоволни со вашиот избор, дури и ако вашата пријателка е. Во секој случај треба да се подготвите да се носите со својата одлука и со реакциите на останатите.