Charles бил привлечен од нејзината личност и изгледот на „девојката од соседството“ и ѝ се восхитувал …
Со децении секој детал од аферата на принцот Charles со неговата сегашна сопруга Camilla Parker Bowles била објавен во медиумите. Но, малку се знае за тајната австралиска љубовница на принцот од Велс, Dale Tryon, таканареченa Kanga, која починала само неколку месеци по неговата прва сопруга, принцезата Diana во многу мистериозни околности, пишува магазинот New Idea.
Kanga била позната како „единствената жена која некогаш го разбрала“ Charles и е родена во 1948 година во Мелбурн. Таа се преселила во Лондон во 1972 година и за неколку недели го запознала нејзиниот иден сопруг, баронот Anthony Tryon.
Како бароница, Dale била втурната во светот на британската аристократија, каде што го запознала и принцот Charles, кој бил добар пријател со нејзиниот сопруг.
Charles бил привлечен од нејзината личност и изгледот на „девојката од соседството“ и набрзо бил обземен од со неа. Тој и го дал прекарот Kanga.
Charles тогаш не ја познавал Diana и бесрамно флертувал со Camilla, која била во брак со Andrew Parker Bowles. Кога Kanga влегла во животот на Charles, таа и Camilla се бореле за неговата наклонетост. Во документарниот филм од 2008 година “Prince Charles’ Other Mistress” („Другата љубовница на принцот Чарлс“) забележано е дека тоа е „прв пат Camilla да има сериозен ривал“.
Кум на синовите на своите љубовници
Во документарецот детално се опишани бизарните околности на љубовниот триаголник. На пример, ако една од нив забременила, Charles би ја претпочитал таа што не забременила. Camilla и Kanga му оддале почит на Charles така што им дале име на синовите по него. Всушност, принцот дури им бил кум на синовите на своите љубовници.
Daily Mail еднаш напишал дека и двете жени се познавале и дека имаат „патолошка омраза“ една кон друга. Во тоа време, синглот принцот Charlesс „среќно скокал од креветот на Camilla во креветот на Lady Tryon па пак назат“ пред да ја запознае својата прва сопруга, Lady Diana.
Сепак, Kanga набрзо паднала во немилост кај Charles и британското кралско семејство поради нејзините наводни непромислености. Се вели дека таа откривала детали од нејзината врска со Charles секогаш кога сакала да привлече публицитет за нејзината модна линија “Kanga”.
Во 1985 година, кога принцезата Diana, чиј четиригодишен брак со Charles веќе бил разнишан, носела една од креациите на “Kanga”, а ривалството меѓу Kanga и Camilla го достигна својот врв.
Иако Camilla на крајот го освои срцето на Charles откако животот на Kanga завршил трагично, кралското семејство не ја прифати безусловно. Таа и денес се соочува со многу предизвици. Извор близок до кралското семејство открил дека Camilla неодамна признала дека имала тајни средби со Diana во најлошите моменти од бракот со Charles. Таа вест го потресе семејството до срж.
Фатален пад од прозорецот
Но, додека бракот на Charles и Camilla преживеал, за жал, бракот на Kanga со баронот Tryon се распаднал пред нејзиното здравје да се влоши кога и бил дијагностициран рак на матката.
Откако ја доби битката со ракот, Kanga се пријавила во клиниката за рехабилитација Farm Place во 1996 година за да се справи со нејзината зависност од лекови против болки. Но, таа паднала од прозорецот и ја скршила кичмата па завршила во инвалидска количка. Имало шпекулации дека Kanga скокнала од прозорецот, но во британскиот документарен филм „High Society“ се појавиле тврдења дека била турната.
Само неколку недели подоцна Kanga дознала дека нејзиниот сопруг поднел барање за развод, а потоа насилно била однесена во психијатриска болница. Нејзините пријатели рекле дека мислела дека некој се обидува да ја убие.
По опоравувањето од траумата, Kanga заминала на патување во Австралија и Индија. По враќањето во ОК, таа била примена во болница, но развила септикемија (опасна инфекција на крвотокот) и починала непосредно пред нејзиниот 50-ти роденден и само неколку месеци откако Diana била убиена.
Иако семејството и поранешниот сопруг на Kanga ги негирале обвинувањата дека била турната, нејзината смрт останува еден од најтрагичните настани во британското кралско семејство.