Да се почитува забраната за движење во НП Галичица | Ќе се вршат интензивни контроли

154

Во врска со заклучоците од Четиринаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, оддржана на 13 април 2020 година, а во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19, Јавната Установа Национален Парк Галичица ( ЈУНПГ) им соопштува на граѓаните дека:

1. Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Паркот како и во шумите на истиот.

2. Се забранува движењето во викенд населби во периодот на забраната и посебен режим на движење за престојните Велигденски празници.

3. Шумочуварската служба на Паркот во соработка со Министерството за Внатрешни Работи ќе ги интезивира контролите на овие места.

4. Шумочуварската служба ќе ја зголеми контролата на влезовите на паркот и за влез со возила како и влезовите за пешачките и велосипедските патеки.

Со овие мерки кои ќе ги спроведе ЈУНПГ, а кои произлегуваат како задолжение од Владата на Република Северна Македонија во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусот ЦОВИД-19, придонесува за намалување на опасноста од ширење на истиот. Затоа ЈУНПГ ги повикува сите граѓани во Охрид и во државата да се придржуваат кон сите мерки донесени од Владата.