Референдумите во Доњецк и Луганск би можеле да стават крај на украинската криза, изјави за германскиот весник Die Welt Едвард Лутвак, политички консултант во Стејт департментот и Пентагон.
Истовремено, тој истакна дека референдумот треба да се одржи со учество на независни набљудувачи.
– Киев не може да им ускрати на луѓето избор. Ова е единствениот излез од конфликтот. Да се победи Русија е нешто што е во доменот на фантазијата – изјави експертот.
Според Лутвак, нуклеарното оружје не може да се смета за главен адут на Москва.
„Es gibt nur einen einzigen Weg raus aus diesem Krieg“ https://t.co/H8pirJ46wF pic.twitter.com/itwTlCaTte
— WELT (@welt) June 4, 2022
– Русите се најголемата европска нација. Русија има опипливо присуство на Далечниот Исток, Арктикот и Црното Море, што ја прави непобедлива – додаде тој.
Експертот зборуваше и за економските санкции што ги воведоа западните земји како одговор на војната во Украина.
– Повеќето Руси не ги ни почувствуваа ограничувањата, бидејќи Русија произведува сопствена храна и има свои извори на енергија – резимира Лутвак.