Д-р Софијанова | “Фајзер” се препорачува за децата и не предизвикува никакви нус-реакции

1988

Децата се последни во случајот за вакцинирање но не треба да бидат изземени бидејќи тие како носители на одредена варијација може да направат буквално нова мутација која ќе не чини многу, вели д-р Аспазија Софијанова – педијатар и директор на Клиниката за детски болести за „Алфа“.

Зошто токму вакцините на „Фајзер“ се препорачуваат за помладите таа вели дека вакцината се утврдила дека покажува доста јак имунитет кој е потребен особено за создавање на колективен имунитет кој ќе не заштити.

– Eве токму оваа „Фајзер“ ќе биде доволно добра за да го спречи создавањето на мутации. Бидејќи создава т.н селективен имунитет кон конкретниот проблем КОВИД 19 и заради тоа е препорачана и кај децата и не предизвикува никакви нус-реакции. вели д-р Софијанова.