Вардар има убедлива негатива со Веспрем во финалето на СЕХА-лигата, а една од ѕвездите на екипата, Иван Чупиќ, влезе во мал конфликт со тренерот Стевче Алушовски.
Предводникот на „црвено-црните“ повика тајм-аут по една серија на Веспрем, а говорот го започна Чупиќ, со малку вулгарности.
Воедно, на тренерот му посочи дека „20 минути ги моли одредени играчи да играат“, а откако Алушовски кажа дека „не ги моли, туку им сугерира што треба“, Чупиќ возврати – „тогаш нека одат во соблекувална, што да им правам јас!“.
Конфликтот на Алушовски и Чупиќ:
Вардар е актуелен СЕХА-првак, но како што изгледа, на мечот со Веспрем ќе биде детронизиран.