Чив е, тогаш, Никола Тесла ?! Странските медиуми анализираа: „Хрватска долго време се однесува како маќеа кон својот српски син“

337

Последниот спор меѓу Хрватска и Србија за Никола Тесла стигна и до медиумите на германски јазик. Станува збор за намерата на Хрватска, кога ќе влезе во еврозоната, на монетите на еврото да го стави ликот на овој научник. А за реакциите од Белград, пишува DW.

“Хрватска сака ликот на Никола Тесла да ги краси нивните монети. Ова многу ѝ пречи на соседна Србија. Бидејќи тие таму го сметаат Тесла за Србин”, им ја објаснува ситуацијата Stuttgarter Nachrichten на своите читатели во врска со идните монети од еврото во Хрватска.

„Пристапот на новодојдената Хрватска во еврозоната сè уште е во облаци, но уште сега е планирано воведување на евро валута која предизвика жестоки расправии со Србија: Националната банка на Србија го обвинува Загреб за „присвојување на српскиот културен имот“. Спорот е околу Никола Тесла, роден во хрватското село Смилјан, како син на српски православен свештеник. Според хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, со ликот на електроничарот кој починал во New York, би требало да бидат украсени монетите од 10, 20 и 50 центи“.

Вучиќ: Можеле да го отпечатат на важни банкноти

Весникот продолжува: “Тесла бил Американец со српско потекло и секогаш се сметал за Србин”, брефта на ова српскиот претседател Александар Вучиќ. Хрватите би требало Тесла да го печатат на важни банкноти, а не на ситни пари. Рака на срце, ниту српските банкноти на кои Тесла е печатен, немаат голема вредност: 100 динари одговараат на сума од 85 евроценти“.

“Како државјанин на царска Австрија, Србинот Тесла е роден во Хрватска. Но, додека Музејот на Никола Тесла со урната и наследството на физичарот е отворен во Белград во 1952 година, Хрватска долго време го третирала својот српски син како маќеа: во 1992 година, хрватските националисти дури и го кренаа во воздух споменикот на Тесла во Госпиќ. Сепак, за разлика од Белград, српските политичари во Хрватска имаат позитивен став за еврорехабилитацијата на Тесла, велејќи дека хрватските граѓани биле тие што го предложиле Србинот како мотив за кованицата. Така што потенцираат дека Тесла ги поврззува Србите и Хрватите“, пишува Stuttgarter Nachrichten.

„Не присвојуваме никого“

Австрискиот Kronen Zeitung, покрај основните информации за животот на Тесла, наведува дека хрватскиот премиер Пленковиќ и одговорил на Народната банка на Србија дека таа „може да заземе став, но дека нема да влијае на одлуката“, додавајќи:

„Ние никого не присвојуваме“. Тој нагласи дека хрватските граѓани го избрале ликот на Тесла за монети и го означиле како голем гест на Хрватска, и покрај тоа што Тесла бил од српска националност“.

“Хрватска би можела да се приклучи на еврозоната најрано 2023 година, но најмладата земја во ЕУ веќе започнала да избира мотиви за монети на еврото. Кога се родил Тесла, неговото родно село Смилјан припаѓало на Австриската империја. Тој посетувал основно и средно училиште во Госпиќ, а гимназија во Карловац. Во 80-тите на 19 век студирал во Техничкото училиште во Грац. Во 1884 година емигрирал во САД”, потсетува австрискиот Kronen Zeitung.